Алката што

недостасува....

Од идеја до финален производ

Основана во 1992 година со 100% приватен капитал, примарна дејност на Дијаг е производство на промотивен материјал за различни намени и различен тип на клиенти почнувајќи од маркетинг агенции и амбасади па се до државни институции.

Во ДИЈАГ имаме целосно заокружен производстен процес, што значи дека со сопствен стручен кадар и висока техничка опременост во целост ги изработуваме финалните производи почнувајќи од изработка на дизајнот па се до завршната контрола и пакување на производот.

Квалитет, професионалност, одговорност

Гаранција за квалитетот на нашите производи е системот за управување со квалитет ИСО 9001:2008, кој е имплементиран во производниот процес пред осум години.
Опшествената одговорност на ДИЈАГ е на завидно ниво. Повеќе години земаме активно учество во заштита на човековата околина преку имплементирање на системот за управување со животната средина ИСО 14001:2004 со што Дијаг е единствената компанија во Македонија од оваа област која ги има воведено овие два системи во производствениот процес.